Врв Аконкагва 6962 m, Анди, Аргентина
Клуб I Love Hiking
Филип Христов, Зоран Успрцов, Лазе Миновски и Зоран Николов

---------------------------------------------------------------------------------
Група храбри Македонци денеска го освоија Аконкагва, покривот на Јужна Америка

February 13, 2024

Филип Христов, Зоран Успрцов, Лазе Миновски и Зоран Николов се четворицата храбри Македонци кои попладнево по македонско време го освоија покривот на Јужна Америка Аконкагва висок 6962 метри.

По Монт Блан, Елбрус и Килиманџаро пред овие Македонци “падна” и јужноамериканската убавица…., пишува во првичната информацијата новинарот Зоран Фидановски.

Аконкагва е врв на планинскиот венец Анди, во провинцијата Мендоза, Аргентина. Таа е највисоката планина во Америка, највисока надвор од Азија и највисока и на западната и на јужната хемисфера со височина од 6.961 метар.

---------------------------------------------------------------------------------
Четворица Македонци денеска го освоија највисокиот врв на Андите во Аргентина. Клубот I Love Hiking објави и фотографии на кои се гледа развиореното македонско знаме на височина од скоро 7000 метри или попрецизно, 6962. Во нашата храбра експедиција се Филип Христов, Лазе Миновски, Зоран Успрцов и Зоран Николов.
-Нашиот Фичо повторно на некој од крововите на континентите на нашата “Земја”. Овој пат искачен највисокиот врв на Јужна Америка - Аконкагва 6962м, каде за прв пат се вее и нашето клубско знаме, заедно со знамето на Македонија. Во збор два со него, многу експедиции не успеале да стигнат на врвот и многумина се откажале но не и нашите тврдокорни македонци кои утринава стапнаа на врвот Аконкагва! Не биле спречени од “Ветерот” и минусните температури. Со многу напор како што вели тој, се најдовме горе! Честитки до нив и до големиот другар и пријател на клубот Филип Христов! Нека им е наздравје, стои во објавата на I love Hiking.

Откако го заврши подвигот, Лазе Миновски на Инстаграм објави фотографија и откри дека искачил три од седумте највисоки светски врвови, што е сон на многу планинари.
---------------------------------------------------------------------------------
Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри.

Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница.
-Горди сме што експедицијата ја оствари крајната цел и го развиори македонското знаме на највисокиот врв на јужната земјина полутопка. Искачувањето поминало според зацртаниот план, по карпест терен и без многу снег, со минусни температури иако таму е лето, а на врвот ги дочекал убав сончев ден. Тоа што на многу други планинари досега не им успеало и се откажале од искачување, нашите момци го исполнија и им честитаме на успехот, истакна Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“.

Подготовките за реализирање на експедицијата во Јужна Америка, нашите планинари ги направиле во изминатите неколку месеци на домашни врвови, а поддршка им обезбедија матичните планинарски клубови и локалниот бизнис сектор.

Планинарот Николов минатата година беше дел и од експедицијата која за пет дена се искачи на петте највисоки врвови во Италија, Швајцарија и Словенија.

---------------------------------------------------------------------------------